По веста дека четворица од кандидатите на СДСМ сложно заминале со едно возило на интервју во Скопје и информациите дека Науме Јованоски Чакар не се појавил на интервјуто, денес од извори во СДСМ до „Охрид 1“ стигна информација дека повторно се разгледува можноста Лазе Танески да се земе во предвид за претседател на општинската организација на СДСМ во Охрид.
Во кругови на СДСМ во Скопје по интервјуата кои биле нааправени вчера и исходот од нив, се разгледувала можноста или да остани Науме Јованоски Чакар ( кој не се појави на интервју , а за причините го информирал врвот на СДСМ ) или да се повтори случајот со изборот на Науме Јованоски кој по втор пат беше поставен на оваа фуннкцја, но сега со Лазе Танески кого партијата би го вратила на таа позиција.
До овој момент Науме Јованоски не се огласува јавно околу изборот на ново раководство во СДСМ Охрид, а истото го прави и Лазе Танески. Тој на прашање на „Охрид 1“ дали некој од централата во Скопје го известил за можноста да го вратат на истата функција кратко одговори:
Немам што да коментирам ! – рече Танески.