АктуелноОхрид

Кочовски: Вевчани доби мултикултурен центар, започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште

„Градоначалниците од СДСМ го преспаа целиот свој мандат, се разбудија два месеци пред одржувањето на локалните избори, раскопаа по некоја улица, а со надеж дека ќе добијат глас повеќе. Граѓаните го препознаа неработењето нивно и ги казнија на последните локални избори. За разлика од нив, ние почнавме со работа од првиот ден“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани на регионалниот отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“.
Кочовски додаде дека кога стапил на функција градоначалник на општина Вевчани била нефункционална и приватизирана општина, општина во целосна функција на личните интереси на претходниот градоначалник и партијата. Затекнал демотивирана и деградирана општинска администрација. Долг од на 2.5 милиони денари. Ниту еден проект кој го имале започнато не е целосно завршен иако за тоа имале време.
„Ние ја отворивме општината за секој еден граѓанин без разлика на неговата партиска припадност. Ја забрзавме динамиката на проектите кои ги затекнавме. Во изминатиов период ги реализирав следниве активности и проекти:
• Во тек е постапка за доделување на договор за јавна набавка за партерно уредување на просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани.
• Започната е иницијатива за подготовка на документација за реконструкција на кујната во детската градинка „Планински цвет“ Вевчани.
• Во тек е изградба и реконструкција на 5 локални улици во Вевчани кои ќе се реализираат во 2022 година.
• Отпочнавме постапка за изработка на техничка документација за изградба и реконструкција на локални улици.
• Подготовка на техничка документација за реконструкција на локални улици во рамките на проектот за поврзување на локални патишта.
• Го саниравме и решивме проблемот со каналот за наводнување на заобиколницата на потегот од фабрика „Вевчанка“ до Здравствен дом.
• Со изградба на бетонски канал го решивме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште „Зодишта“.
• Во тек е изградба на 4 канализациски линии во Вевчани, овие канализации се градат од програмата на ТАВ за инфраструктурни проекти.
• Отпочната е постапка за изработка на техничка документација за реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување во урбаниот опфат на Вевчани.
• Започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Вевчани.
• Санирани се мостовите и осветлувањето по кејот на Вевчанска река.
• Поправено е целото осветлување во заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“.
• Почната постапка за донесување на нов урбанистички план за Вевчани.
• Донесовме програма за финансирање на проекти од локален интерес во културата во општина Вевчани и започна нејзината реализација преку поддршка на Василичасрите друштва, поддршка на културно уметничкото друштво „Дримкол“ Вевчани, поддршка на самостојни уметници.
• Во соработка со МЕД, а преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавен е јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природта (СП) „Вевчански извори“.
Кочовски се осврна и на проекти кои треба да се реализираат до крајот 2022 година. Според него ќе се работи на изработка на техничка документација за реконструкција и изградба на улици, ќе се донесе нов урбанистички план на Вевчани. Се предвидува да се започне и со пробивање и чистење на полски и шумски патишта, ќе се реконструираат мостовите во Споменикот на природата „Вевчански извори“ и партерно ќе се уреди просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани.
„На граѓаните на општина Вевчани им ветувам макотрпна и посветена работа со цел реализација на сите проекти, а ќе ја продолжиме и практикава на отчетност“, нагласи Кочовски.