АктуелноОхрид

На вчерашниот фудбалски натпревар навивачи го уништија инвентарот на стадионот „Билјанини извори“

На 19.02.2021 година, за време на одржување на фудбалски натпревар на спортскиот центар „Билјанини извори“ во Охрид, поголема група навивачи го нарушила јавниот ред и мир со оштетување и уништување на инвентарот на стадионот како и со предизвикување насилство, палење и фрлање на пиротехнички средства. По интервенција на полициските службеници, спречен е обидот за насилство и недостојно однесување на спортски натпревар, пронајдени и одземени се петарди, бакли и други пиротехнички средства. По расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.