На 19/20.01.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, 27 возачи се затекнати при управување моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-04, Кичево-14, Дебар- 01). Tие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.