АктуелноОхрид

Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга

Околу 400 квадратни метри трска во водите на Охридското Езеро изгореле во пожар во близина на Извидничкиот центар во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Портпаролот Стефан Димоски информира дека пожарот во полиција бил пријавен 46 минути по полноќ на 13 февруари. Изгаснат е со интервенција на Територијалната против пожарна единица од Струга.

-Во Одделението за внатрешна контрола – Струга, вчера во 00 часот и 46 минути пријавено е дека настанал пожар на трска во водите на Охридското Езеро, во близина на Извидничкиот центар во Струга во кој, нема повредени лица,изјави Димоски.

По насока на Јавен обвинител на опожареното место извршен е увид.