АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Сложен оперативен зафат направен на гинеколошкото оделение при Општата болница

Денес на одделот за гинекологија и акушерство беше изведен сложен гинеколошки зафат на абдоминална хистеректомија со билатерална салпинго – офоректомија, кај пациентка со двојни мочоводи.
Утерусот кај пациентката беше енормно наголемен и целосно туморозно променет.
Пациентката пред повеќе од 20 години имала царски рез при што дополнително го комплицираше случајот.
Предоперативно, за овозможување на сигурно изведување на оперативниот зафат, беа поставени уретрални сонди.
Честитки до оперативниот тим предводен од Спец. Др Мимоза Влаши и Спец. Др Горан Балевски, Спец. Др Јован Недевски, Спец. Др Александар Јовановски.
Инструментарки сестра Милена Типовска, сестра Јасмина Ончева и сестра Милена Стојкоска и болничар Наташа Младеновска за одличната интеродделенска мултидисциплинарна соработка при овој тежок оперативен зафат кој траеше повеќе од 2 часа.
На пациентката ѝ посакуваме брзо опоравување.
Со почит
ЈЗУ Општа Болница Охрид