АктуелноОхрид

(ФОТО) Нови водоводни цевки во должина од 120 метри – се реши проблемот кој претходно не бил навремено саниран

По утврден дефект на водоводната мрежа на просторот од дирекцијата на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид кој е констатиран уште пред шест месеци од страна на екипите на Ј.П.„Водовод”-Охрид и доставени енормно високи сметки за потрошувачка на вода, од 18.01.2022 год. е прекинато водоснабдувањето и се пристапи кон решавање на проблемот. Започнати се градежни активности со копање на водоводен канал и со одобрение од директорот се поставија нови водоводни цевки во должина од 120 метри. Во наредните денови се очекува да се надмине проблемот кој претходно не беше навремено саниран, велат од Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид.