АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Известување за данок на имот

Согласно законските измени на Законот за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр.61/04…151/21), кој започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за следното:

 

  • За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот (даночната пријава може да ја преземете тука);
  • За дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават договор за закуп или договор за плодоуживање, најдоцна до 28.02.2022 година и
  • За земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и Извештај за идентификација на земјишни парцели, најдоцна до 28.02.2022 година.

 

Документите можат да се достават лично на портирницата на Општина Охрид, преку пошта или на e-mail danocno.oddelenie@ohrid.gov.mk со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт).

Сите дополнителни информации можете да ги најдете на официјалната страница на Општина Охрид: https://ohrid.gov.mk/

 

општина Охрид