АктуелноОхрид

Градоначалникот донесе решение за формирање на општинска комисија која ќе ги утврдува условите за трансформсција на работниот однос на вработените во образованието

Донесов решение за формирање на општинска комисија чија задача ќе биде утврдување на условите за трансформсција на работниот однос на вработените во образовните институции, пишува на својот ФБ профил градоначалникот Кирил Пецаков.

Во објавата градоначалникот додава:

👉Со ова се надминува застојот во работата на оваа комисија кој беше предизвикан од истекот на нејзиниот мандат. Сега на овој процес ќе му се даде дополнителна динамика.
👉 Единствено задоволен наставен кадар со решен работен статус е најдобра гаранција и дополнителен поттик за успешен образовен процес што претставува стартешка цел и определба на Општина Охрид.