Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, утре ќе има прекин во сообраќајот во периодот помеѓу 15:00 и 16:30 часот, информираат од АМСМ.
Препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.