АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Црвен кртс Охрид со здравствена превентивна дејност престојниве два празнични дена

Во рамки на одбележување на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите, Црвен
крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност.
На 18.01.2020 (вторник) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и
ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние
кои се одлучиле да „скокаат по крстот“. Апелираме и препорачуваме до „скокачите по крстот“ да ја проверат
својата здравствена состојба и се информираат за ризиците и опасностите кои постојат при капење во вода со
температура од околу 7 oC.
Традиционалната крводарителска акција „Водици 2022“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“
во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2022 (среда) од 9-15 часот во Центарот за
култура „Григор Прличев“. Ги покануваме нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост
дарувајќи крв, а организаторот со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно
внимание и скромни подароци.
За настанот на осветувањето на водата во Охридското езеро и скокање по крстот на Градското пристаниште во
Охрид на 19.01.2022 (среда), Црвен крст Охрид ќе се грижи за безбедноста на капачите во вода и сите
посетители на настанот со тимови на спасители на вода распоредени долж градското пристаниште и во
спасителни чамци во вода, нуркачки тимови, како и со медицински тимови за укажување прва помош со
едно амбулантско возило, помогнати со медицински тим нa Итната медицинска помош со амбулантско возило.