АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Засветеа канделабите до црквата Св.Кузман и Дамјан во Враништа

Поставувањето на канделабри долж патот кој води до црквата Св.Кузман и Дамјан кое траеше изминатиот период веќе финишира со нивно осветлување. Како што инфорираат од црковниот одбор , канделабрите од вечерва го осветлуваат патот кој води до оваа црква.
Почитувани Богољубиви Враништани токму во овие моменти се заврши уште едно започнато дело од страна на Црковниот Одбор. А со тоа упатуваме и голема благодарност до сите вас кои што помогнавте на било каков начин да се заврши започнатата работа. Зошто заедно со вас и ваша несебична помош и во иднина ќе ги разубавуваме и негуваме нашите духовни светилишта.
За наша сеопшта радост денес беа приклучени со електричен напон и засветеа канделабрите по патот кој води до Црквата Св.Кузман и Дамјан с.Враништа.Нека Божјата светлина го осветлува Враништа Сега и Секогаш и во Вечни Векови.Амин. За многу години, стои во ФБ објавата од црквата.