АктуелноВидеаОхрид

(ВИДЕО) Демироски: Програмите за урбана опрема само се препишуваат, за тоа што се бара немаме немаме доволно локации

Дефинитивно е видливо дека програмите за урбана опрема само се препишуваат секоја година ,и тоа не е само овој пат туку ова е години наназад Оваа програма како и сите претходни ,
предвидува локации за продавање на Уметнички слики и локации за продажба на книги.  За овие места речиси никој не се пријавува и интересот е многу мал , А предвидени се 4 локации за уметнички слики и 5 локации за продажба на книги. Од друга страна во програмата секоја година ги намалуваме локациите за бижутерија, Последниве години имаме голема заинтересираност за локации за храна и бижутерија, истакна на седница на совет, советникот Арбен Демироски – Бено, изнесувајќи ги своите забелешки кои се однесуваат на намената на локациите кои се дел од програмата за урбана опрема 2022 година.

„Токму за ова реагирам , бидејки според апликациите изминативе години Охриѓани најмногу се интересираат за локации за Храна и Бижутерија а немаме доволно локации за оваа намена. Сведоци сме на случаи каде за една тезга за Храна или Бижутерија се достигнува цена од над 100 илјади денари. Се наддаваат бидејки нема слободни локации а од друга страна остануваат 10тина локации без никаков интерес , само поради тоа што намената е несоодветна наспроти барањата и заинтересираноста на Охриѓани. Апелирам да се разгледа можноста дали може да се направи корекција на оваа програма. а ако не може , тогаш барам да се има во предвид во иднина“, истакна Демироски.