АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Повторена јавна анкета за детален урбанистички план од УЗ 9, УБ 9,1 опфат2-дел 1

  1. Просторот на планскиот опфат на Детален урбанистички план за УЗ 9, дел од УБ 9.1 – опфат 2 – дел 1, Охрид, општина Охрид е опфат со површина од 9.15 ха и тоа во граници на:
    •  на север по оска на магистрална улица „Железничка“, дефинирана по постоен ГУП
    • на запад оска на собирна улица „Пирин Планина“ дефинирана по постоен ГУП
    • на југ по оска на улица „Крали Марко“ дефинирана по постоен ДУП, продолжува на север по оска на улица ,„Крали Марко” дефинирана по постоен ДУП,  продолжува на исток по оска на пешачка и пристапни  улици и граница на градежни парцели дефинирани со постоен ДУП
  1. Јавната анкета ќе трае од 17.01.2022 – 03.02.2022 год.
  2. Јавната презентација ќе се одржи во Малата сала на општина Охрид на ден 27.01.2022 год (четврток) со почеток во 12.00 часот.
  3. Заради обезбедување пристапност и увид од страна на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред Големата сала за состаноци.
  4. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 12.00-14.00 часот во просториите на општина Охрид.
  5. Сите заинтересирани физички и правни лица, како и субјектите од членот 29 на горе цитираниот Закон за просторно и урбанистичко планирање можат да достават забелешки и предлози по нацртот на планот на анкетни листови додека трае јавната анкета до надлежниот орган кој е организатор на анкетата.

https://ohrid.gov.mk/19734-2/