Вевчанскиот карневал е театар на отворено. Креативните вевчанци преку маски, покажаа што беше најактуелно минатата година. Вевчански ковид сертификат“, „Летаме за ЕУ“, но и традиционалните „Зетот и невестата“, „Глупавиот август“ и „Музичарите“ се само дел од маските кои денес продефилираа низ Вевчани. Меѓу нив многу весели беа и Талибанците од Луна паркот.