Снежни врнежи денеска го зафатија подрачјето на Ќафасан во регионот на Поградец, што предизвика отежнато одвивање на сообраќајот.
Од Управата на полицијата во Елбасан зинформираат дека во утринските часови е забележан мраз во местото Драгостуње, сообраќајната полиција е постојано на терен и им пружа помош на возилата кои се соочуваат со потешкотии или се блокирани.
Полициските власти апелираат до возачите да се движат со зголемена внимателност и задолжително да користат зимска опрема, вклучително и синџири. Сообраќајот се одвива забавено во двата правци.
Во меѓувреме, надлежните служби вршат посолување на патот со цел да се спречи појава на мраз и лизгање на возилата. Според последните информации, мраз сè уште има кај чешма на мифтарот, а забележан е и зголемен интензитет на сообраќај кон југоисточниот дел на земјата.
vesnik-ilinden.com












