петок, март 29, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

(ВИДЕО) Дрвата кои се сечат на „Македонски Просветители“ се целосно трули

Дрвата кои се сечат на Македонски просветители сепак се трули и истите претставуваа опасност на минувачите по најфрекфентната сообраќајница на Охрид.

Сечата на седумдесет и две дрва за потребата на реконструира улицата „Македонски просветители“ крена голема прашина во Охрид, но и пошироко. Екологистите први го кренаа гласот тврдејќи дека се сечат стари, но здрави стебла. Но, снимките на терен покажуваат друго. Струполените стебла покажуваа трулост во нивната внатрешност.

Од општина Охрид велат дека согласно Законот за урбано зеленило, градоначалникот донел решение за сечење на 49 липи и 13 костени. Според општината, станувало збор за болни дрва со надмината физиолошка и биолошка возраст. Овде се наоѓале и 10 млади стебла од јавор кои се пресадени на друга локација, а по завршување на градежните активности, општината вети дека на овој потег од каде се отстрани зеленилото ќе биде засаден нов дрворед.

Инаку само да потсетиме дека поради труло стебло, во  месец мај 2019 год дрво падна врз паркирани автомобили пред Основниот суд Охрид на булеварот „Македонски Просветители“.  Тогаш задолжените за одржување на дрворенот кажаа дека дел од дрвата, кои се стари и тешки, имаат оштетени корења или се трули, што веројатно било причина за паѓањето на дрвото пред охридскиот суд.