Се е подготвено за Вевчанскиот карневал. Утре со отварање на Мултикултурниот центар Коста Србакоски и настапи на домашни изведувачи почнува манифестацијата но дефилето под маски на двете василичарски друштва Горна и Долна маала е на 13 јануари на пладне со кое Вевчанци ќе ја испратат старата и ќе ја дочекаат новата година според стариот Јулијански календар. Градоначалникот Кочовски апелира до вевчанци и гостите да ги почитуваат препораките за заштита од Ковид – 19, да држат соодветно растојание и да носат заштитни маски.
Градоначалникот потенцира дека маските немаат за цел да ги навредат националните и верските чуства туку да го отсликаат сето она што се случувало во текот на изминатата година.
Карневалот завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14-ти јануари.