АктуелноНаш ИзборОхрид

Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања ,,Св. Стефан” – Охрид се приклучи кон кампањата “Храбро срце”

Во рамките на кампањата за подигање на на свеста за органодарување , се приклучи и болницата за Кардиоваскуларни заболувања од Охрид, каде доктор Јасмина Спасеска Јованоска со видео порака ја изрази својата поддршка.
-Благодарност до д-р Jasmina Spaseska Jovanoska , специјалист интернист, вработена во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања ,,Св. Стефан” – Охрид за поддршката на нашата кампања.
,,Секојдневно се среќавам со пациенти, млади и стари кои се во терминална срцева слабост на кои им е потребно срце за да го продолжат нормалниот начин на живот. Денес се тие, утре може да сме и ние или некој наш близок. Затоа, мораме да ја подигнеме свеста за органодарителство на највисоко ниво.
Дарувајте, да даруваме, за да имаме напредок во здравството, во животот.”, велат во ФБ објавата од Националното Здружение “Храбро срце”.