АктуелноВидеоИздвојувамеИнтервјуаСвет

(ВИДЕО) „Ананас“ – регионален маркет пазар кој ќе нуди извонредна услуга, широк асортиман и сигурност при плаќањето

Е трговијата се развива и во регионов. „Делта холдинг“ пред една година започна голем проектот „Ананас“, кој со работа ќе започне деновиве. Станува збор за регионален маркет пазар по примерот на „Али експрес“ и „Амазон“, каде на купувачите од целиот регион не само во Србија ќе им се нуди извонредна услуга, прекрасен и широк асортиман и сигурност при плаќањето.

Деталите за тоа како ќе функционира „Ананас“ за NEWS1.mk ги открива директор на „Ананас е – комерц, Рајко Мандиќ .

„Тренд во целиот свет е електонското купување. Луѓето веќе ја препознаваат користа од овој вид на купување. Како технологијата оди во нагорна линија, така се зголемува и користа и сигурноста на купувачите. Луѓето со текот на времето увидоа дека за нив е по поволно и по пријатно затоа што избегнуваат да трошат време по продавници, затоа што се можат да купат од својот дом. Има неколку модели како е организирано електоронското купување, некои трговци ја продаваат својата роба, а можете и да направите свој пазар – она за што ние се одлучивме да го направиме. Ние на едно место ги споивме трговците и купувачите, а размената се врши на нашата платформа. Ние многу инвестиравме во платформата во сигирноста на истата во изгледот, во искуството на купувачите, со што мислиме дека на купувачите ќе им биде пријатно затоа што на едноставен начин ќе можат нешто да одберат и купат, а ако не им одговара ќе можат на едноставен начин да го вратат без да губат многу време. Наша задача ќе биде робата да ја испорачаме точно и на време. Многу инвестиравме во логистичкиот дел на бизнисот. Робара ќе ја испорачуваме следниот ден по нарачката, а истата ќе стигнува за многу кратко време до крајниот купувач. Нема да има чекање од месец месец и половина, како што е примерот со купување од Али експрес и Амазон. Ние ќе продаваме роба која ја имаме само во земјава, која е лагална и царинета, а тоа ќе ни овозможи брза испорака. Нудиме добар одбран асортиман, со одлични цени, брзина на испораката и сигурност при плаќањето.

Манциќ вели дека во овој пазар тие се посредници во купопродажбата помеѓу вистинските и покажани трговци и купувачите.

Платформата „Ананас“ со работа ќе стартува деновиве, затоа што ги помина сите потребни тестирања. За официјалниот старт се чека само зелено светло од бордот на директори.

Според првиот човек на „Ананас“ направиле многу анализи пред да се започне со овој нов проект, но се направиле и анализи за исплатливоста на истиот.

„Ние заклучивме дека брзината е клучна за успех, и токму поради тоа со нашите партнери го развивме моделот кој овозможува да се шириме не само на територијата на Србија, туку и на територијата на бивша Југославија и Албанија. Имаме прицизни планови како ќе се развиваме и како ќе влегуваме на секој пазар. Планот е веднаш штом започнеме со работа, да се рашириме во регионов“, вели Мандиќ.

„Ананас“ за брзо време ќе му биде достапен и на купувачите во Македонија и Албанија. Во завршни фази се договорите со потенцијалните партнери.

„Истражувањата говорат дека во светот за три месеци се напредувало со овој тип купување поради пандемијата, како порано за три години. Светот и регионов тргнаа напред. Најпрво поради тоа што мораа, а подоцна сфатија дека тоа и не е толку лошо. И доколку имате добри услуви и сигирност при плаќањето, тоа може да биде извонредно искуство. Регионов заостанува зад светов, во учествувањето на електронското купување. Балканов во моментов е 4 %, Западна Европа 16% , а Кина над 40 %“, вели Мандиќ.

Првиот човек на „Ананас“ тврди дека платформата ќе нуди сигирност на највисоко ниво, а податоците ќе се безбедни.

Сите кои сакаат да се приклучат „Ананас“ се отворени за соработка со нови клиенти.

Разворот со директор на „Ананас е – комерц, Рајко Мандиќ во целост во продолжение.