АктуелноИнтервјуаНаш изборОхрид

Интервју со Владо Чингоски “Охрид пред се”

Департизацијата и деполитизацијата во јавната администрација е регулирана со закон, така што ние не можеме да го регулираме тоа и таа администрација е како “бела мечка” и во однос на вработувањата и во однос на праспределувањата, така да заложбата за департизација и деполитизација е само декларативна, истакнува Чингоски во поглед на прашањето како ќе се стигне до департизација со оглед на тоа што сите мислат дека тоа е невозможно.

Притоа, додава дека оние кои што се на власт треба да почнат со процесот на департизација и деполитизација. Секако дека во секои избори ова прашање го има во изборните програми, но откако ќе завршат изборите, се продолжува со уште порадикална партизација на адмиистрацијата, вели Чингоски.

 

Во поглед на тоа каква инфраструктура му треба на Охрид, Чингоски истакнува дека патната инфраструктура се сведува на крпење дупки во градот а  пред се треба да се размислува најпрво на подземната инфраструктура во градот.

-Не знаеме ниту кај ни е водоводот, ниту знаеме кај ни се електричните кабли, ниту кај ни се каблите од интернет и телефонија, не знаеме кај ни е канализацијата, така што за секоја изградба имаме пресекување на електричен кабел или пукање на цевки. Кога ќе се среди таа подземна инфраструктура , потоа треба да се пршират локалните патишта, со оглед на тоа што имаме премногу тесни и тепко достапни места, ако се земе во предвид населеноста во “Радојца Новичиќ”, вели Чингоски.

 

Туризмот, како главна сфера во која се движи Охрид, Чингоски смета дека треба да се направи стратегија која ќе предвидува за 10-20 години како ќе се развива туризмот во Охрид, со оглед на како што вели има што да понудиме.

-Дали тоа ќе биде плажен туризам, но тоа кај нас е кратко. Дали тоа ќе биде културниот туризам , било каков туризам, ние треба да имаме стратегија за тоа каков туризам ќе развиваме, истакнува Чингоски.

 

Што се однесува до буџетот и финансирањето на општините, Чингоски со став дека буџетот треба да се користи порационално.

-Тука советот е многу битен, бидејќи советот го донесува буџетот, па може да прави големи измени и дополнувања на расходите, затоа што приходите се во една рамка, која што плус-минус е тука. Мислам дека многу изворен приход во буџетот, особено таксите не се наплаќаат онака како што треба и не се наплаќа данокот на имот, особено на правните лица кој што има поголем износ и кој што може да го згфолемуваат буџетот, истакнува Чингоски.