АктуелноВидеоИнтервјуаОхрид

Разговор со Димитар Велјаноски – „Охрид пред се“: Советот да се ослободи од канџите на управната власт

Слоганот „Охрид пред се“ доволно навестува, за мотото на граѓанската инцијатива од која подоцна произлезе советничката листа. Идејата не е формирана пред овие локални избори туку таа тлееше подолг период. Со ова што има 11 советнички листи ми влева надеж дека се демократизира процесот дека се надеваме на шареноликост во советот, тоа ни е и целта. А главната цел е оневозможување на партиите да дојдат до мнозинство во совет за да не го продолжиме овој тренд кој до сега го имавме, вели Димитар Велјаноски, носител на независната листа „Охрид пред се“.

Тој додава дека основна цел на нивното политичко делување е општественото пред индивидуалното и дека само преку колективна добробит можеме да дојдеме со индивидуална добробит.

„Еден од основните услови за ова е да се ослободи советот од канџите на управната власт. Сметаме дека сега идеални услови советот да се врати во онаа форма како што предвидел законодавецот да биде слуга на народот“, вели Велјаноски.

„Прво и основно сметаме дека начинот на кој се управува со човечките ресурси, сметаме дека по партиска директива се вработуваат луѓе на раководни и високи функции, а ова во никој случај не смее да биде така“, вели носителот на независната листа „Охрид пред се“.

Разговорот со Димитар Велјаноски, носител на независната листа „Охрид пред се“ во целост може да го проследите во продолжение…