АктуелноИнтервјуаОхрид

Стевоски: Крајот на беззаконието во Охрид, ќе заврши со победата на мојата независна листа

Пандемијата стивнува, во септември ќе се спроведе пописот, а во октомври ќе се одржат локалните избори. И покрај тоа што кампањата не е почната, партиите веќе се подготвуваат за политичката есен. Стевче Стевоски е еден од нив, кој најавува независна листа. За ONE MEDIA Стевоски открива за подготовките, но и за преоритети во програмата која ќе ја презентира за време на кампањата.

– Листата која ја подготвив ќе биде листа на почитување на законите, на редот во градот, почитување на правото секој граѓанин да биде заштитен од системот – државата и да се стави еднаш за секогаш крај на урбаната мафија во град Охрид. И со последната одлука која ја донесе советот на град Охрид на 31 мај, се докажа дека и советот и градоначалникот и инвеститорите и многу други луѓе се вмешани во урбаната мафија. Носењето на една одлука со кој се забранува претходно донесена одлука со која на инвеститорите им се овозможуваше да градат згради со подвижни паркинг места, факт е дека се обезбеди имотна корист на сите учесници во таа постапка, вели Стевоски.

На прашањето за пред или после изборна коалиција Стевиски вели:

„Онаа политичка партија која ќе ја поддржи нашата програма и ќе придонесе за безбеден Охрид, ние ќе ја поддржиме во секој момент. Но, политичката партија која во моментот ќе скршне од тој пат, ние ќе им ја откажиме довербата и нема да ги гласаме нивните одлуки.

Спорот со Бугарија ни е наметнат и е политички, но последиците од тој спор ги трпи и бизнис секторот во Охрид. Бугарите треба да сватат дека љубовта не секогаш се купува со пари. Љубовта треба да се заслужи, вели Стевоски.

Стевоски во интервјуто открива на кои основи ќе се заснова програмата на група избирачи Стевче Стевоски и преоритети во програмата, што беше пресудно Стевче Стевоски активно да влезе во овие немирни политички води, но и дали има контакти со премиерот Зоран Заев или Христијан Мицкоски.

Интервјуто во целост може да го проследите во продолжение: