понеделник, ноември 25, 2024
АктуелноНаш ИзборОхрид

Советот на Општина Охрид, денес, го усвои буџетот за 2022 година

Денеска советниците во Советот на Општина Охрид ја одржаа 6-та седница и усвоија 70 точки на дневен ред. Беше повлечена точката што се однесува на Предлог- програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Охрид за 2022 година .

Советниците дадоа „зелено светло“ за Предлог-програмите за поттикнување на развојот на туризмот и поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година.

Беа усвоени: Предлог-развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2022 – 2024 година;Предлог-програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2022 година;Предлог-програма за заштита на животната средина и природата за 2022 година;Предлог-програма за спорт и рекреација за 2022 година;Предлог-програма за млади и невладини организации за 2022 година;Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образованието за 2022 година;Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година;Предлог-годишна програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година;Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 година;Предлог-годишна програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година;Предлог-развојна програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 година.;Предлог- годишна програма на општина Охрид за здрвствена и социјална заштита за 2022 година; Предлог-програма за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година;Предлог- програма за одбележување празници и манифестации во 2022 година; Предлог-програма за работа на Советот на општина Охрид за 2022 година;Предлог-програма за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2022 година; Предлог-програма за енергетска ефикасност за 2022 година;Предлог-програма за одржување јавна чистота за 2022 година;Предлог-програма за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2022 година;Предлог-програма за јавно осветлување за 2022 година;Предлог-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година;Предлог-развојна програма за други комунални услуги за 2022-2024 година;Предлог-развојна програма за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2022 – 2024 година; Предлог-програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2022 година; Предлог-развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2022 – 2024 година.; Предлог-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година; Предлог-развојна програма за уредување градежно земјиште за 2022 -2024 година; Предлог- одлука за усвојување на буџетот на општина Охрид за 2022 година; Предлог-одлука за извршување на буџетот на општина Охрид за 2022 година. На седницата беа усвоени и Предлог-одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2022 година, Предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2022 година;Предлог-програма во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Охрид за 2022 година;Предлог-годишна програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2022 година;Предлог-одлука за поставување урбана опрема и времени објекти и за утврдување на висината на надоместокот (закупнина) за 2022 година во општина Охрид;Предлог-одлука за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти;Предлог-одлука за усвојување Локална стратегија за млади на општина Охрид; Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор и спроведување на постапка за формирање на Стартап Центар (Smart Ideas Hub); Предлог- одлука за формирање Штаб за заштита и спасување.

На Сeдницата беа усвоени и Предлог-одлуките за усвојување на програмите за работата на охридските јавни претпријатија „Водовод“, „Билјанини извори “ , „Градски гробишта“ , „Охридски комуналец“ ,„Нискоградба“, „Градски Пазар “ за 2022 година,а беше изгласана и Предлог-одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП„Охридски Комуналец“ .

Советниците ги изгласаа и Предлог –одлуките за разрешување и именување член во Училишните одбори во охридските основни и средни училишта: „Христо Узунов“, „Григор Прличев“ , „Св.Климент Охридски“, „Кочо Рацин“, „Ванчо Николески“ -с.Лескоец, „Живко Чинго“ -с.Велгошти. „Св.Наум Охридски“ – с.Пештани, гимназија „Св.Климент Охридски“, „Св.Кирил и Методиј“, OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“.

Зелено светло бепше дадено и за точки од урбанистичката сфера:Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границите на две соседни градежни парцели ГП 8.12 формирана на Кп.4309/3, Кп.4309/6 и дел од Кп.4309/11 и ГП 8.11 формирана на Кп.4309/2 и дел од Кп.4309/11 во ДУП за дел од УЗ 10 и 11 УБ 10.4 и 11.1 Влашка мала и Градинар во КО Охрид 4, општина Охрид;Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација на две соседни градежни парцели ГП 1 формирана на Кп.10635 и дел од Кп.10634/1 и ГП 2 формирана на Кп.10634/1 и Кп.10634/2 и дел од Кп.10312/1 во ДУП за 10-та УЕ во КО Охрид 2, општина Охрид; Предлог-одлука за донесување план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 6.4 формирана на Кп.8924/1 и делови од Кп.8924/2, Кп.8923 и ГП 6.3 формирана на Кп.8923 во ДУП за УЗ 9, УБ 9.2 во КО Охрид 2, општина Охрид; Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање две нови градежни парцели на ГП 3.66 формирана во ДУП за УЗ 6 УБЛ 6.2 – опфат 1, КО Охрид 2, општина Охрид; Предлог-одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границата на градежната парцела ГП 1.19, поради неусогласеност на градежната со катастарската парцела, за дел од Кп.11625/1 КО Охрид 2 во ДУП за 6-та УЗ, УБ 6.2 – опфат 1, со намена А1 – семејно домување во станбени куќи (А1.2 – домување во станбени куќи), општина Охрид. Беа изгласани и Предлог –одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација, со цел вклопување на бесправно изградениот објект во селата: Лескоец, Куратица, Оровник,Вапила, Речица и Велгошти.