АктуелноОхрид

Честитка од ОК ВМРО ДПМНЕ за католички Божик: Секој дом нека биде исполнет со радост, спокој и мир, а срцата на сите верници со љубов

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки до сите верници кои го слават големиот христијански празник Божиќ според Грегоријанскиот календар.
Раѓањето Христово е семеен и радоносен празник. Симболиката е во новото раѓање и надежта за подобра иднина.
Токму и нашиот заеднички стремеж нека биде насочен кон подобра иднина на Охрид и Република Македонија.
Да создаваме и правиме добри дела, да се почитуваме и помагаме, да негуваме добри мисли за доброто на сите.
Секој дом нека биде исполнет со радост, спокој и мир, а срцата на сите верници со љубов.
Христос се роди, се вели во честитката од ОК ВМРО ДПМНЕ.