АктуелноОхрид

Во ЈП Охридски Комуналец украдени канти за ѓубре наменети за жителите од Стар Град, од ЈП дементираат

Денес во Јп Охридски Комуналец е забележано дека ги нема кантите за ѓубре кои беа наменети за жителите од Стар Град.  Украдени се 10тина канти, објави Охридвест.

Истрагата е во тек повеќе информации во текот на денот.

Неофицијално истрагата е носечена кон лица врботени во претпријатието поставени на шефовски места .

Од ЈП ја дементираат вест. Во дементот се вели:

Ј.П.„Охридски Комуналец” во целост ги демантира информациите пласирани од електронскиот портал Охрид Вест (www.ohridvest.com) дека :
„ денес во Ј.П.„Охридски Комуналец” е забележано дека ги нема кантите за ѓубре кои беа наменети за жителите од Стар Град”.
Овие наводи се целосно неточни. Се молат сите оние кои пласираат вакви информации во иднина првенствено да се информираат во јавното претпријатие, спремни сме на соработка и транспарентност, со цел јавноста да биде точно информирана .