АктуелноОхрид

(ФОТО) Паднато дрво блокира улица во Лескоец, жители доцнат на работа

Паднато дрво на крак од улицата „Јонче Чулчоски“ во Лескоец целосно го блокира движењето на возилата.

Поради блокадата, дел од жителите не можат да заминат со своите возила и доцнат на работа.

Засега нема информации за причините за падот на дрвото, ниту кога ќе биде отстрането и ќе се нормализира сообраќајот.