АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа случена на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на с. Опеница

На 19.09.2026 во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  лице на (67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  лице на (28) од битолското село Буково.

 

Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле две лица , сопатници во возилото „опел“ додека кај  едно лице  (возач на возилото „сузуки витара)“ и други две лица , сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди.

 

По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид.