АктуелноОхрид

Товарно патничко возило удрило во 76-годишна жена во Струга

На 16.09.2026 околу 11:20 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Струга, товарно возило „фиат добло“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 30-годишeн  од Струга, удрило во 76-годишна жена  од Струга.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената , констатирани во Медицински центар Струга.

 

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.