АктуелноОхрид

Случена сообраќајна несреќа, повреден моторциклист од с. Мислешево, струшко

На 16.09.2026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Св.Наум се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од  лице на (87) од Скопје и мотоцикл „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Хлице на (29) од с.Мислешево, струшко.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.