АктуелноОхрид

Апел за помош во работна сила за отпочнување на работна акција за изградба на манастирска сала при црквата Св. Климент во Мислешево

Мислешевската парохија при Дебарско-кичевската епархија започнува со реализација на нов значаен проект – изградба и целосно опремување на манастирска сала при манастирот „Свети Климент“.

Од парохијата информираат дека работната акција ќе започне на 20 септември (недела), со почеток во 08:30 часот, при што се упатува апел до работоспособните мажи да се вклучат во акцијата и да помогнат во реализацијата на проектот.

Како што се наведува во известувањето, инвестицијата има особено значење за црковната заедница, бидејќи ќе придонесе за заживување и унапредување на манастирскиот простор. Со изградбата на салата се создаваат услови и за отворање црковен ресторан, кој би се користел за организирање семејни свечености и настани, како што се крштевки, венчавки, родендени и други пригоди.

Од Мислешевската парохија ги повикуваат сите верници, а особено иселениците, согласно со своите финансиски можности, да го поддржат овој проект.

За донации и дополнителни информации, верниците можат да се обратат кај парохискиот свештеник, црковниот благајник или членовите на Црковниот одбор.

„Секоја помош и секој прилог, независно од висината, ќе бидат од големо значење за успешно остварување на овој заеднички проект“, се наведува во известувањето.