АктуелноОхрид

(ФОТО) Интензивни активности за покривање на опожарениот дел на депонијата „Буково“

ЈП „Охридски Комуналец“ ги информира граѓаните дека продолжуваат интензивните активности за покривање со земја на опожарениот дел на депонијата „Буково“.
✔️За справување со пожарот и затрупување на опожарените делови, досега се донесени и употребени над 2.000 кубни метри земја.
🚜Со механизација и ангажман на екипите на терен се врши затрупување со земја на опожарените површини и жариштата, со што се спречува понатамошно ширење и се создаваат услови за целосно стабилизирање на состојбата.
✔️Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“, заедно со останатите надлежни служби, продолжуваат со активностите на терен и постојано ја следат состојбата.
🚜 Активностите продолжуваат сè до целосно ставање на состојбата под контрола.
🤝ЈП „Охридски Комуналец“ им се заблагодарува на сите служби и ангажирани лица за вложениот напор, како и на граѓаните за разбирањето и поддршката.