АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана кај лице од Битола на регионалниот пат Струга-Радожда

На 29.08.2026 во 01:10 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад на регионалниот пат Струга-Радожда, од слобода го лишија лице на (39) од Битола.

 

При преглед во неговото патничко возило „мазда“ со битолски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана.

 

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.