Денеска на градското пристаниште го пречекавме македонскиот маратонец Томи Стефановски кому му врачив плакета за подвигот со кој ја исплива релацијата Градиште – Пристаниште под мотото „Со спорт до инклузија – кога еден пливач плива за сите“ како поддршка на децата со атипичен развој.
Томи не пливаше само кон целта, пливаше за една поинклузивна заедница. Хуманиот спортски предизвик е токму на 14 август кога се навршуваат 17 години од историското препливување на Стефаноски на каналот ,,Ла Манш” во 2009 година за 7 часа и 42 минути. Целта е да се подигне свеста и да се придонесе за подобри услови за лицата со атипичен развој и лицата со инвалидитет во спортот и физичкото образование.
Третпат со ваков подвиг се испраќа порака дека различноста треба да се гледа како вредност, а не како пречка и инклузијата да се преточи од зборови во конкретна поддршка и заедништво.

















