АктуелноОхрид

Во водите на Охридско езеро кај Пештани извлечено машко лице- турист од Грузија

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско
езеро кај Пештани било извлечено машко лице – давеник.

 

Екипа на Итна медицинска
помош се обидела да го реанимира лицето, но набргу констатирале дека лицето
починало и дека нема видливи повреди.

 

Притоа, било констатирано дека се работи за
туристот Б.Д.(46) од Грузија.

 

Увид бил извршен, а по Наредба на јавен обвинител, телото
на починатиот било дадено на обдукција.