Во Охрид, изминатиот викенд, се одржа традиционалниот 47. Куп во далечинско пливање „Илинден 2026“, на патеката Горица – Охрид , во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“, со поддршка на Општина Охрид. На пливачката патека во должина од 2,5 километри настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории – од 8 до 15 години и 16 години и постари.
На свеченото доделување на медалите и пехарите на најуспешните натпреварувачи присуствуваше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, кој им ги врачи признанијата на најдобрите маратонци и упати честитки за постигнатите резултати.
Купот во далечинско пливање „Илинден“ претставува една од традиционалните спортски манифестации во Охрид, која низ годините придонесува за афирмација на пливачкиот спорт и промоција на спортскиот дух меѓу младите.,
















