Петтото издание на Спортскиот фестивал „Илинден“ беше збогатено со присуството на вистински спортски великани,луѓе кои со своите успеси ги бранеа боите на Македонија на најголемите спортски сцени, а денес со особена чест им ги врачија медалите на нашите победници.

Струшката ватерполо легенда Влатко Голаб ги додели трофеите на најдобрите ватерполисти, кајакарската легенда Ѓорѓи Ѓоко Дурац им ги врачи признанијата на победниците во кајакарските трки, додека медалите за најуспешните во СУП трките ги додели ракометната легенда Борко Ристовски, актуелен министер за спорт.

Нивното присуство беше голема чест и дополнителна инспирација за сите учесници, особено за младите спортисти.
Во име на Организацискиот одбор на Спортскиот фестивал „Илинден“, им упатуваме искрена благодарност за одвоеното време, поддршката и честа што ни ја укажаа.
Вашето присуство остави траен белег на нашиот мал јубилеј и му даде посебна тежина на овој спортски празник.














