АктуелноОхрид

Приведени две лица од Охрид кои со физичка пресметка го нарушиле редот и мирот на бул. „Македонски Просветители“

На  02.08.2026 во 05:00 часот, пред продажен објект лоциран на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведени се лице на (27) и  лице на (23), двајцата од Охрид по претходна пријава дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.

 

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.