АктуелноОхрид

(ФОТО) Невиден вандализам во струшкото село Бороец – искршени и оштетени повеќе гробови

Жителите на струшкото село Бороец се шокирани и вознемирени по вандалскиот чин што се случил на селските гробишта, каде биле искршени и оштетени повеќе гробови.

Според првичните информации, непознати сторители со употреба на сила ги оштетиле надгробните споменици, предизвикувајќи голема материјална штета и револт кај мештаните, кои велат дека станува збор за невиден чин на непочитување кон починатите и нивните семејства.

Жителите бараат надлежните институции што поскоро да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да одговараат за направената штета. Тие апелираат ваквите вандалски постапки да не останат неказнети, бидејќи, како што велат, станува збор за напад врз достоинството и спокојот на починатите, но и врз чувствата на нивните најблиски.

Настанот предизвика силни реакции во селото, а многумина го оценуваат како еден од најтешките случаи на сквернавење на гробишта што се случил во овој крај.

Се очекува надлежните органи да извршат увид и да поведат истрага за утврдување на околностите под кои се случил вандализмот, како и за идентификување на сторителите.