АктуелноОхрид

Уништено електрично сандаче на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид

На улицата „Карпош Војвода“ во Охрид е уништено електрично сандаче, кое најверојатно е дел од електроенергетската инфраструктура што ги снабдува околните станбени објекти.

Иако засега нема информации за прекин или проблеми во снабдувањето со електрична енергија, оштетувањето е видливо, а делови од сандачето и околниот тротоар се расфрлани на местото.

 

Се очекува надлежните служби да извршат увид, да ја утврдат причината за оштетувањето и да го санираат објектот со цел да се спречи евентуална опасност за минувачите