На 26.07.2026 во 06.30 часот прд казино на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода лице на (28) од Словенија, постапувајќи по претходна пријава дека, во станот во кој престојувале во Охрид, агресивно се однесувал и физички ја нападнал неговата 21-годишна девојка.
Од Основен суд Охрид му била определена мерка притвор во траење од осум дена и бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Охрид за издржување на мерката.

















