На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода лице на (30), на (32) и на (33), сите од Прилеп.
На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници го лишија од слобода едно лице затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој го користел заедно со двете лица, при што биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















