АктуелноОхрид

Случена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило и моторцикл во Велгошти

На 22.07.2026 во 23:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Велгошти се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице од Охрид и мотоцикл „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од луце на (19) од Охрид.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.