АктуелноОхрид

Возило излетало од пат на кружниот кај “Туристичка” и “АСНОМ” , кај возачот измерени 1.51 промили алкохол

На 23.07.2026 во 04:40 часот на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ со „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лице на (38) од Охрид, излетало од патот.

 

По преземени мерки, полициските службеници кај возачот констатирале 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај.

 

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување моторно возило“.