На 18.07.2026 во 14:45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на локален пат во охридското село Долно Лакочереј, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (38) од истото село и мопед „априлиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 16- годишник од Охрид.
Притоа, возачот на мопедот и 15- годишна сопатничка од с.Долно Лакочереј, се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид, при што кај возачот на автомобилот, утврдени се 1,20 промили алкохол во крвта.

















