АктуелноОхрид

ЈП „Охридски Комуналец“ со широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило

Широко-опфатни активности за одржување на јавната чистота и зеленило👈
✔️Согласно пропишаната динамика за активности за одржување на јавна чистота и зеленило во Програмата за работа во оперативната 2026 год., се реализираа активности во селата Велгошти, Лескоец, Горно Лакочереј и Долно Лакочереј

✔️ Нашите дежурни екипи беа ангажирани за одржувањето на хигиената на највисоко ниво за време на одржувањето на второто издание на Ohrid Cocktail Festival, потоа за расчистување на манастирскиот комплекс Свети Наум по празнувањето на големиот светител и расчистување на Скејт паркот на пешачката патека до Горица, по манифестацијата која ја организира Културолошка иницијатива 5 до 12.