АктуелноОхрид

Од активностите на ,,Паркови и зеленило”

На повеќе локации во приградските населби и села се уредуваше дива вегетација и се косеше трева и тоа: с.Коњско, населба Исток и Гранит, с.Орман, каде беше опфатен и просторот околу црквата Св.Наум и детското игралиште, патниот правец до селата Горно Лакочереј и Ливоишта, сообраќајната клучка на влез во Охрид и патен правец до Свети Стефан
✅ Тековно се одржуваше јавното зеленило кај детските игралишта во населби Лескајца и Видобишта, покрај суводолица кај ул.,,Железничка”, улици:,,Ристо Чадо”, ,,Мирка Гинова”, ,,Будва”, ,,Јане Сандански” и Стар Град
✅ Се оплемени со сезонско цвеќе пешачката патека до Горица и се реализира сезонско одржување на ружите