АктуелноОхрид

Николоски: Остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство

Денеска во Владата остваривме значајна средба со амбасадори од УНЕСКО, на која разговаравме за приоритетите на Македонија во делот на заштитата и одржливиот развој на нашето природно и културно наследство.
Потребна е силна меѓугранична соработка со Албанија во делот на заштита на Охридското Езеро и заштита на Охридскиот Регион, природата не познава граници и потребно е заедно да ја чуваме.
Посебен акцент ставивме на развојот охридскиот регион на кој припаѓаат општините Охрид, Струга, Дебрца и Поградец во Албанија, со заедничка определба да се зачува неговата автентичност, а истовремено да се обезбеди одржлив развој во интерес на граѓаните и идните генерации.

Се согласивме дека Охридскиот Регион има исклучителна универзална вредност и претставува богатство не само за Македонија, туку и за целото човештво.