АктуелноОхрид

Промовирани книги, поетски читања и портрети и на вториот фестивалски ден на Струшките вечери на поезијата

Поетски читања и портрети на дел од учесниците на Струшките вечери на поезијата го
одбележуваат и вториот ден од манифестацијата. Поезија денеска читаа авторите од
потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска
книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик. Поетски портрет имаа
и минатогодишната добитничка на ова признание, Јулијана Величковска и лауреатот на
наградата „Мостови на Струга“ за 2026 година, што заеднички ја доделуваат Струшките
вечери на поезијата и УНЕСКО, Даниел Хајндс.
Меѓу промовираните книги беше и „Венценосци – разговори на брегот“ од Диме
Ратајкоски. Книгата е збир од 14 интервјуа, кои авторот, како новинар-уредник во
Македонската радио-телевизија во периодот од 2012 до 2018 година ги работел како дел
од културно-документарната програма на првиот програмски сервис.
„ И навистина, можам да кажам дека станува збор за едно ретко издание во македонското
издаваштво, особено затоа што книгата не е ниту поезија, не е ниту роман, новела, туку
станува збор за книга публицистика. Тоа е еден редок жанр во Македонија којшто веќе
речиси и не се практикува, меѓутоа е многу значаен за нас затоа што оваа книга буквално
ја раскажува дел од историјата на фестивалот Струшки вечери на поезијата, особено што
обрнува внимание на мислите и случувањата околу фестивалот и мислите на лауреатите
и поголемите поетски имиња коишто во овие години коишто ги напоменав, имаа можност
да бидат дел од фестивалот“, истакна Ратајкоски.

Во книгата се опфатени разговори или дијалози со познатите поетски имиња не само во
Македонија, туку и насекаде во светот, водени покрај кејот на реката Црн Дрим и брегот на
Охридското Езеро.
„Особено јас лично сум ѝ благодарен на Македонската радио-телевизија затоа што ми
овозможи, заедно со Струшките вечери на поезијата, да другарувам и да бидам пријател
во тие денови на изданието со големите имиња од типот на Маргарет Атвуд, канадската
поетеса и писателка, од типот на Монгане Вали Сероте, лауреатот, соборец на Нелсон
Мандела од Јужна Африка, потоа тука ги имаме од Азија големите поетски имиња како Ко
Ун, како Беи Дао, од Кореја и од Кина, да не го заборавам и големиот Чарлс Симиќ којшто
потекнува од нашите простори, имено станува збор за поет роден во Југославија којшто
мигрира и го продолжува својот поетски и животен век во Соединетите Американски

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
НУМ „СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА“
Ул. Браќа Миладиновци бр.5, 6330 Струга, Поштенски фах 111
Тел./Tel.+389 46 786 270, Е-mail: struga@svp.org.mk
www.svp.org.mk

Држави, големото поетско име Адам Загаевски, Хозе Емилио Пачеко и така натаму“,
додава Ратајкоски.
Љубителите на пишаниот збор имаа можност да разговараат со издавачи, агенти и
професионални посетители во рамките на платформата ВЕРСОПОЛИС, а вечерта
продолжува со меѓународните поетски читања „Кругови“ и традиционалните „Ноќи без
интерпункција“, на кои ќе настапат поетите застапени во антологијата на македонската
поезија „Камен и земја“, приредена од Иван Џепароски.