АктуелноОхрид

Балканските Египќани го одбележуваат 24 Јуни – Денот на нивниот идентитет, традиција и култура

Балканските Египќани денеска го одбележуваат 24 Јуни – Денот на Балканските Египќани, празник посветен на зачувувањето на нивната историја, традиција, култура и национален идентитет.

По повод празникот, беше упатена порака за единство, достоинство и посветеност кон зачувувањето на културното наследство и корените на заедницата за идните генерации.

Одбележувањето на овој ден претставува потсетник за значењето на традицијата, меѓусебната почит и заедничкото делување во насока на афирмација на културните вредности на Балканските Египќани.

На сите припадници на заедницата им беше упатена честитка по повод 24 Јуни – Денот на Балканските Египќани, со желби за напредок, единство и зачувување на нивниот богат културен идентитет.